Нетанјаху доби уште десет дена рок да ја формира владата на Израел

Бенјамин Нетанјаху / Фото: EPA-EFE/MIRIAM ALSTER / POOL

Израелскиот претседател, Исак Херцог, денеска му даде на лидерот на конзервативната Ликуд и мандатар за состав на новата влада, Бенјамин Нетанјаху, уште десет дена да формира владејачка коалиција, бидејќи првичниот рок за нејзино формирање истекува в недела.

За новата влада што ќе биде најдесничарската во историјата на Израел, претседателот Херцог е загрижен дека потенцијално може да ја загрози израелската демократија, да го поткопа духот на Декларацијата за независност и да ги отуѓи Евреите во дијаспората, објавија израелските медиуми.

Нетанјаху претходно и формално побара од Херцог за две седмици да го продолжи рокот за формирање влада поради комплицираните коалициски договори.

Дваесет и осумте дена што Нетанјаху првично ги доби за да формира влада истекуваат во недела на полноќ, со тоа што сега има рок до 21 декември да ја заврши таа задача.

Херцог, чија улога во политичкиот живот на Израел е церемонијална, но важна по изборите бидејќи тој го назначува мандатарот, не појасни зошто не му ги дал на Нетанјаху максималните 14 дена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот