6 C
Скопје

Нетанјаху: До крајот на април, Израел ќе се справи со епидемијата

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска порача дека земјата ќе излезе од епидемијата на коронавирус до крајот на април. Изјавата ја даде за време на средба со жена која е петмилионитиот вакциниран жител на Израел.

Нетанјаху го оцени тоа како големо достигнување за Израел која, како што рече, е прва земја во светот што ќе излезе од пандемијата на коронавирус.

– Имаме нешто над милион граѓани над 16 години да вакцинираме. Излегуваме од пандемијата и нема причина да се грижиме, изјави Нетанјаху.

Како што најави, владата работи на набавка на десетици милиони вакцини со цел да се одржи економијата отворена и да се избегнат нови затворања.

Тој додаде дека во Израел ќе се градат фабрики за производство на вакцини.

Прочитајте и...  Успешно заврши трансплантацијата на бубрег на Клиниката за урологија, во тек е втората - Верче денеска спаси три животи

Израелски експерти соопштија вчера дека бројот на дневни смртни случаи во Израел се намалил за 71 процент, а бројот на тешки случаи за 45 проценти во споредба со средината на јануари, кога епидемијата достигна врв во таа земја.

Поврзани вести

Вучиќ: Србија ќе биде велесила во производството на вакцини

Слободен печат

Лекарот на Навални предупреди дека неговото здравје се влошува

Слободен печат

ВИДЕО: Пентагон потврди, објавената снимка со НЛО е вистинска

Слободен печат

Чешка протера 18 руски дипломати, обвинети се дека работеле за специјални служби

Слободен печат

Вучиќ за нон – пејперот на Јанша: Ниту сум видел мапа, ниту пак план – се залагам за постојните граници

Слободен печат

Веља Невоља и Месар во паника: Пронајдена ДНК трага од нивна жртва – мислеа дека ако „нема тело – нема дело“

Слободен печат

Остави Коментар