Нетанјаху: Борбите со екстремистите можат да бидат долготрајни

Нетанјаху / Фото Архива

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека борбите со палестинските екстремисти од Исламски џихад, што избија откако Израел го уби нивниот командант за северниот дел од Појасот Газа, можат да бидат долготрајни.

-Израел не е заинтересиран за ескалација, но ќе сториме се што е потребнио за да се заштитиме. Ова може да потрае. Потребна е издржливост и ладнокрвност- рече Нетанјаху пред новинарите во воениот штаб, пренесоа британските медиуми.

Израел рано утринава го уби командантот на палестинската милитантна група Абу ел-Ата, во воздушен напад изведен во Појасот Газа, на што екстремистите одговорија со ракетирање на израелските градови, вклучувајќи го и Тел Авив, пренесоа американските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот