Нетанјаху: Ако повторно бидам избран, ќе го анектирам Западниот Брег

Фото: Принтскрин

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја истакна денеска својата намера да ја анектира долината на реката Јордан на Западниот Брег доколку победи на изборите следната недела.

– Денеска ја најавувам својата намера, по воспоставување на новата влада, да го применам суверенитетот на Израел на долината на Јордан и северниот дел на Мртво Море, изјави Нетанјаху.

Тој нагласи дека таквиот потег нема да биде направен пред објавувањето на долгоочекуваниот американски мировен план и консултациите со претседателот на САД, Доналд Трамп. Засега нема никакви коментари од Вашингтон.

Палестинскиот премиер Мохамед Иштије, непосредно пред говорот на Нетанјаху, истакна дека израелскиот лидер „е главниот уништувач на мировниот приоцес”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот