Несудениот македонски репрезентативец ја „прегази“ Џенова на Пандев! (ВИДЕО)

twitter.com/ParmaCalcio_en

Се одигра уште еден натпревар од осмото коло во најсилната италијанска фудбалска лига, на домашен терен составот на Парма со 5:1 славеше против Џенова.

Еден од најзаслужните за триумфот на домаќините на стадионот „Енио Тардини“ беше Дејан Кулушевски кој на репрезентативен план одлучи да игра за Шведска, а тоа го потврди и македонскиот селектор Игор Ангеловски.

На денешниот меч Кулушевски (19) кој го одигра целиот меч и блескаше со еден погодок и две асистенции, најпрвин во 38 минута асистираше до Кучка за водство од 1:0.

Потоа, во 50 минута асистираше и до Корнелиус за 4:0, а во 79 минута се запиша и во листата на стрелците за поставување на конечниот епилог.

На спротивната страна за Џенова стартер беше Горан Пандев кој ја имаше капитенската лента, а беше заменет на почетокот од второто полувреме од Пинамонти кој во 52 минута го реализираше единствениот гол за гостите.

На табелата Парма после четвртиот триумф е на осмата позиција со 12 бодови, 10 помалку зад лидерот Јувентус, а Џенова после третиот пораз во низа се наоша во опасната зона за испаѓање со пет бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот