Нестварна! Ова е веројатно најубаво накитената елка во Европа! (ФОТО+ВИДЕО)

Instagram

Постои добра причина зошто оваа локација по Ајфеловата кула е најпосетувана во Париз.

Галеријата Лафајет е трговски центар што е отворен уште во 1889 година, така што не е изненадување што ја има и една од најстарите традиции во градот – претставување на новогодишна елка која има специфична тематика секоја година.

Оваа традиција датира од 1976 година, кога елката за првпат била закачена на куполата на трговскиот центар, предизвикувајќи сензација првенствено поради начинот на кој е претставена, а потоа и поради величествениот начин на кој била украсена.

Куполата на која виси елката е заштитен знак на галеријата Лафајет. Стаклената купола е направена во неовизантиски стил и висока е 43 метри.

Темата на овогодинешниот празничен декор е пчеларник и на самиот врв на елката се наоѓа матицата, а пчелите исто така се наоѓаат и во несекојдневно украсените излози.

Погледнете како изгледа.

View this post on Instagram

xmas lights #galerieslafayette

A post shared by @ inesnpe on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот