Несторовски ударна игла во нападот на Удинезе!? (ФОТО+ВИДЕО)

Udinese Calcio

Нашиот репрезентативен напаѓач Несторовски се враќа во Серија А и нова шанса да ги покаже своите голгетерски перформанси против најсилните фудбалски клубови во Италија.

Веќе го имаше дебито во дресот на Удинезе во пријателскиот меч против Борусија Дортмунд. Иако неговиот тим загуби, минутажата која ја доби од хрватскиот тренер Игор Тудор ја искористи на најдобар можен и веднаш помогна во погодок за неговиот тим.

принтскрин: ilovepalermocalcio.com

Новата сезона во Серија А за Удинезе ќе започне на 25 август на домашен терен против Милан.

Сезоната 2016/2017 беше единствената која Несторовски досега ја има одиграно во елитата, со 11 голови во 37 натпревари за Палермо. За овој клуб во претходните две години во Серија Б во 57 мечеви реализираше 27 погодоци.

Удинезе објави и видео од неговите одлични настапи за претходниот клуб, еден профил и за другите екипи кои настапувал во кариерата.

Воедно и италијанските медиуми започнаа да го вметнуваат нашиот репрезентативец во неколку свои формации во кои би можел да биде прва опција во делот на нападот.

Еве на пример, најистурен во можната формација 3-4-2-1 би бил токму Несторовски, веднаш зад него Пусето и Де Пол. Во средниот ред Тер Авест, Јајало, Мандрагора, Ларсен, во одбранбениот дел Бекао, Екдинг и Самир, додека голман би бил Мусо.

Секако многу е важно за нас еден од главните напаѓачи во репрезентацијата да има редовна минутажа и одржува добра форма во пресрет на наредните евроквалификациски натпревари кои ќе ги имаме во септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот