Несторовски со првите голови за Удинезе (ФОТО+ВИДЕО) – Слободен печат
СпортФудбал

Несторовски со првите голови за Удинезе (ФОТО+ВИДЕО)

Одлично уште на пријателските натпревари се вклопува Илија Несторовски во својот нов клуб Удинезе кој ја темпира формата пред почетокот на сезоната.

Денеска калчолигашот триумфираше со убедливи 7:0 над нисколигашот Кјарлинс Музане. За првпат стартер кај хрватскиот тренер Тудор беше и Несторовски кој на најдобар начин ја искористи минутажата.

Веднаш го реализираше првиот погодок за тимот од „Фриули“ уште во деветтата минута (1:0), му асистираше Лукаш Теодорчик.

Токму Полјакот се запиша и во листата на стрелците во 32 минута за зголемување на предноста.

За 3:0 се погрижи Чехот Барак на стартот од вториот дел, а Несторовски во 53 минута стрелаше за 4:0.

Нашиот репрезентативец беше заменет во второто полувреме при резултат 5:0. Во петокот Несторовски настапи и во триумфот над турската екипа Бешикташ, во чиј дуел Италијанците беа подобри со 2:0.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close