Несторовски: Се надевам дека ќе добијам поголема шанса во иднина

Напаѓачот на македонската репрезентација, Илија Несторовски, беше клучен играч за Удинезе во победата од 2:3 на гости кај Торино. Несторовски го постигна победничкиот гол и покажа дека неправедно е запоставен од тренерот Лука Готи кој сезонава речиси и да не му дава шанса на македонскиот репрезентативец.

Македонецот се надева дека прикажаната игра против Торино ќе биде доволен поттик за тренерот Готи далеку посериозно да смета на него и тоа го изјави за клупската интернет страница.

– Ова е голема сатисфакција за мене и за екипата. Откако одигравме добро во првите 60 минути и постигнавме два гола, направивме глупави грешки во две минути по што бевме казнети. Сепак покажавме карактер и стигнавме до победата, што е голема работа за нас. Секогаш давам сѐ на тренинзите и се надевам дека во иднина ќе добијам поголема шанса. По победничкиот гол, логично е да очекувам повеќе да играм во иднина. Овој тим на Удинезе е квалитетен, многу посилен од претходните години, играме убав фудбал и им даваме на навивачите причина за уживање – изјави Несторовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот