Несторовски: Се извинувам на секој што сметаше дека зборовите се упатени на јавноста

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонската А репрезентација вчера славеше против Лихтенштајн во вториот натпревар од квалификациите за Светското првенство. На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, нашата најдобра селекција триумфираше со 5:0.

Стрелец на петтиот погодок од пенал беше Илија Несторовски кој веднаш по неговиот гол упати навреди пред една од камерите, по што настана бура од реакции во јавноста.

ФОТО+ВИДЕО: „Тие добро знаат кои се“ – Бура од реакции зошто Несторовски упати навреди после неговиот гол!

После бројните коментари на социјалните мрежи околу потегот на Несторовски, играчот на Удинезе објасни дека навредите не биле упатени кон јавноста, туку кон одредени лица, а денеска следуваше ново извинување:

– Се извинувам на секој што сметаше дека зборовите се упатени на јавноста. Не се упатени на јавноста, но како што веќе реков, на одредени луѓе. Не го направив тоа под притисок од публиката или од резултатот, туку го направив со студена глава. За мене, Македонија е над сè! Јас гордо ја носев лентата како Македонец во Хрватска и Италија, и сите знаете што значи тоа! И секаде ја претставував Македонија најдобро што можам, бидејќи тие не ја даваат лентата како странец лесно! Како може некој тогаш да помисли дека им се обраќам на сите критичари додека ја имам лентата во тој момент! Беше за поединци.

Со критиките сум навикнат да се носам уште од почетокот на мојата кариера. Критиките ме мотивираат,а личните навреди се нешто сосема друго! Отсекогаш сум бил на располагање на репрезентацијата, така ќе биде и сега! Кога резултатите не беа најдобри, сменував 4 авиони од Сицилија за да бидам дел од едно едно вакво семејство! Секогаш ќе биде така, и каква одлука и да донесе селекторот, секако дека ќе ja прифатам! Уште едно извинување и напред Македонија – се зборовите на Несторовски во неговото официјално соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот