Несторовски пред заминување од Удинезе: Три клуба од Серија Б се борат за неговиот потпис

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски наводно е пред заминување од Удинезе каде што има мала минутажа. Несторовски има уште шест месеци од договорот со Удинезе и еден од најпознатите италијански новинари, Џанлука Ди Марцио објави дека може да ја промени средината.

Според информациите на Ди Марцио три клуба од Серија Б покажале сериозен интерес за Нестор. Најмногу се истакнува интересот на Реџина која од клупата ја предводи Филипо Инзаги. Освен Реџина тука се уште Модена и Венеција.

Во овој момент Реџина е второпласирана на табелата и се бори за промоција во Серија А, Џенова на третата позиција има ист број бодови. Модена е на десеттата позиција со 28 бода и еден бод помалку од зоната на плеј-офот, додека Венеција е во долниот дел од табелата и ја чека борба за опстанок во второлигашката конкуренција.

Најавите се дека Удинезе сигурно нема да му го продолжи договорот, меѓутоа би можеле да видиме трансфер и до крајот на овој месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот