Несторовски неизвесен за јунските квалификации

EPA/CORRADO LANNINO

Илија Несторовски му зададе главоболки на селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игот Ангеловски, откако поради повреда, предвреме го напушти натпреварот на Палермо против Цитадела во Серија Б.

Несторовски при еден дуел со противнчки играч, во 41. минута се пожали на повреда, а на интервенција на лекарскиот тим на Палермо, мораше да ја напушти играта. Пред да биде заменет, Несторовски во 21. минута му донесе водство на Палермо, а две минути подоцна му асистираше на Александар Трајковски за 2:0.

Палермо во последното коло од Серија Б, на крајот не успеа ја победи Цитадела (2:2) и ќе биде дел од плејфот за разигрување за пласман во Серија А.

Повеќе детали за тежината на повредата ќе се знаат во текот на утрешниот ден кога ќе бидат извршен детален преглед по штоќе се знае дали Несторовски ќе биде дел од репрезентацијата во јунските квалификациски натпревари против Полска и Австрија на арената „Тоше Проески“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот