Несторовски: Не мрдам од Палермо

EPA/CORRADO LANNINO

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски веќе трета сезона го носи дресот на Палермо, една сезона настапуваше во Серија А, а две е во Серија Б и сезонава има голема шанса повторно да се врати во елитата. Успехот на Палермо во голема мера зависи токму од настапите на Несторовски, сезонава постигна 12 гола и е еден од најзаслужните што екипата е на третото место на табелата во Серија Б, со 56 бодови, еден бод помалку од Лече, но исто така има и натпревар помалку.

– Ако Палермо ми понуди нов договор, ќе останам! – одговара Несторовски на прашањето дали би останал и понатаму во Палермо или на крајот на сезоната планира да бара да биде продаден.

Одличните игри во дресот на Палермо постојано го „препорачуваат“ на поголемите италијански клубови кои редовно доставуваат понуди за македонскиот репрезентативец. Во зимскиот преоден рок конкретна понуда пристигна од Фиорентина на која и недостасува голгетер од типот на македонскиот репрезентативец.

– Веќе се навикнав, секој ден да ме продаваат некаде. Дури и на еден ден ја загубив капитенската летна бидејќи се веруваше дека трансферот ќе се комплетира, но пропадна во последен момент. Некој ќе беше лут, ќе протестираше, ќе одбиваше да тренира, но јас не сум таков. Работам напорно бидејќи сонувам само за една работа – да го вратам Палермо назад во „Серија А“ – вели Несторовски во разговорот за „Кориере дело Спорт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот