Несторовски ќе има нов тренер во Удинезе (ФОТО)

facebook.com/pg/UdineseCalcio1896/

После солидниот почеток на сезоната се чинеше дека Тудор би можел да биде долготрајно решение за клупата на тимот од Удине.

Но, следуваа два убедливи порази и дури 11 примени голови во мечевите со Аталанта и Рома и челниците на клубот одлучија да му се заблагодарат на соработката.

Удинезе на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски во првите осум натпревари од сезоната примија само шест погодоци, но потоа следуваа дуелите со Аталанта и Рома кои се покажаа како клучни за поранешниот хрватскиот репрезентативец да добие отказ.

„Црно-белите“ се моментно на 14 позиција со 10 бодови, италијанските медиуми шпекулираат пет имиња како наследници на Тудор.

Помеѓу имињата се одвојуваат Џенаро Гатузо, славниот играч на Милан, потоа Франческо Гвидолин, Чезаре Прандели, Стефано Колантуоно и Пасквале Марино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот