Несторовски и Удинезе ја победија Рома, но загубија од Сампдорија! (ВИДЕО)

twitter.com/Udinese_1896

Пред дуелот со Сампдорија, екипата на Удинезе на последните три натпревари во Серија А имаше две победи и едно реми што повторно, триумфираа пред 10 дена на „Олимпико“ против Рома, стрелец на еден гол беше Илија Несторовски.

Но, денеска нов чекор назад за составот од Удине во најсилното италијанско првенство и повторно со мислите за опстанок.

Деветти гол на „Гранде Пандев“ во Серија А! (ВИДЕО)

Денеска во 32 коло Удинезе на домашен терен загуби од Сампдорија со 1:3. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски кај домаќините беше стартер и настапи до 53 минута кога беше заменет од Окака.

На шест кола до крајот на сезоната играчите на тренерот Готи се наоѓаат на 15 место со 35 бодови, шест повеќе од Лече кој е во опасната зона за испаѓање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот