Несторовски: Голот против Рома му го посветувам на Роландо!

twitter.com/Udinese_1896

По подолг период Удинезе им се врати на победите во најсилното италијанско првенство и тоа во клучен момент во битката за опстанок.

Големи три бода беа освоени на гостувањето кај Рома (0:2), а придонес во триумфот имаше и македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.

Составот од Удине е во безбедната зона на 14 место со 31 бод, а во следното коло ќе игра на домашен терен против Џенова на Горан Пандев.

Несторовски стрелаше за Удинезе во триумфот над Рома (ВИДЕО)

Најважно е што триумфиравме. Ја заслуживме победата, остваривме голем резултат. Мојот гол му го посветувам на Роландо (Мандрагора) кој поминува низ тешка повреда, тој беше со нас и ја даваше поддршката од трибините. Овој успех е за него и се надевам дека наскоро ќе се врати на терените – рече Несторовски после мечот со римската „волчица“.

Нашиот интернационалец сезонава во Серија А од 20 натпревари за Удинезе досега реализираше два голови, сега против Рома, и уште еден против Сампдорија во ноември минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот