Фото: NK Slaven Belupo

Несторовски го продолжи договорот со Славен Белупо: Веднаш потпишав, не погледнав што пишува

Македонскиот напаѓач, Илија Несторовски стави потпис на нов договор со тимот на Славен Белупо.

Искусниот напаѓач според новиот договор ќе остане во хрватскиот тим уште најмалку година ипол колку што има важност новата соработка.

„Во клубот владее семејна атмосфера и кога ми беше понуден нов договор, не размислував ниту минута. Не погледнав што пишува во договорот, веднаш го потпишав и среќен сум што ќе останам во Копривница уште најмалку година ипол“, изјави Несторовски.

Во кариерата претходно Несторовски го носеше дресот на Победа, Словачко, Викторика Жишков, Металург, Интер Запрешиќ, Палермо, Удинезе и Асколи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот