Нестиќ: Можен пад на БДП во Хрватска за 10 отсто

Ако епидемиолошкиот ризик релативно брзо заврши негативното влијание врз хрватската економија ќе биде помало, а ако потрае ќе биде поголемо, а можен е и пад на бруто домашниот производ (БДП) за десетина проценти, изјави Данијел Нестиќ од загребскиот Економски институт.

Поради пандемијата со новиот коронавирус, во Хрватска не работат компаниите, граѓаните помалку трошат, секој трет работник е на мининална плата, а за 14 денови отказ добиле 12.000 луѓе.

– Ова е почеток и треба да се надеваме дека владините мерки барем привремено ќе го запрат растот на бројот на невработени лица, посочи Нестиќ.

Тој додаде дека очекува во вториот дел од годината да нема експоненцијален раст.

– Економијата е посилна од 2008 година, исто така и владините мерки, тука се и средствата од Европска Унија, па верувам дека нема да го достигнеме рекордното ниво од 400.000 невработени, колку што имаше за претходната криза, посочи Нестиќ

Тој додаде дека владиниот пакет мерки е доволен во моментот, но оти потребно е и отпушување на делот на долговите во компаниите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот