Нестабилно време со дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер, а можна е и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе се спушти меѓу 9 и 16, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Температурата од 13 од 21 степен.

Во среда и четврток ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи од дожд, особено во четврток попладне.

Потоа, од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот