НЕСРЕЌНАТА СУДБИНА НА ЕЛВИРА: Загина во сообраќајна несреќа, а предходно во пожар загуби ТРИ деца

Фото: Илустрација

Елвира Коломпар (33) од Сента, која загина во тешка сообраќајна несреќа во Торњош, Србија, ги загубила и децата во два пожари, објави „Еспресо.рс“.

Имено, во ноември 2018 година, во пожар кој избил во нејзината трошна куќа во Сента, жртва била осумгодишната Еимна, додека нејзините двајца браќа и сестра се тешко повредени.

Во сличен пожар пред 13 години во барака во Сента, Елвира веќе загубила три деца. На средина на јануари 2006 година страдале Анабела и деветомесечната Наталија.

– По ланската трагедија, на Елвира и на нејзините деца им беше отстапен општински стан. Во ноќта меѓу саботата и неделата, неколку часа по сообраќајната несреќа во која загина Елвира, нејзините деца се префрлени во згрижувачко семејство – потврди извор на српски „Курир“.

Несреќната жена се наоѓала на задното седиште во автомобил со германски регистарски ознаки, со кого ракувал Јозеф Ковач (52) од Сента.

Од се уште непотврдени причини, автомобилот удрил во сообраќаен знак, а потоа во бетонски столб. Во возилото се наоѓал и Миодраг Ј. (24) од Богараш. Тој се здобил со полесни телесни повреди. Телата на загинатите се префрлени на обдукција и истрагата е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот