Несреќа во Маџари: Девојче итно пренесено во Ургентен по струен удар од вагон

Фото: МИА

Во 13.41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железничка Станица – Маџари, над еден од вагоните, дошло до струен удар, при што со повреди се здобила 17-годишна малолетничка, информираат од Министерството за внатрешни работи за телевизија Сител.

На лице место излегле полициски службеници, Противпожарна бригада и Итна медицинска помош.

Малолетничката била пренесена во Ургентниот хируршки центар Скопје, каде ѝ била укажана лекарска помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот