Италијанците повторно „удрија“ по Иџе!
Иџе вчера на првата трка доби пет секунди казна и му беше скратена можноста да се бори за едно од првите три места. Организаторите повторно во „акција“ и на денешната втора трка во рамките од ТЦР Италија.
Стефановски имаше нов одличен настап, од седмата се искачи на четвртата позиција, па успеа да дојде и до третото место, и ги одржуваше шансите за подиум.
Но, поради инцидент со друго возило во текот на трката, поради опасно возење, доби казна од дури 25 секунди, па така пропадна уште една трка за нашиот натпреварувач сезонава.
Изгледа сомнително, бидејќи овој „инцидент“ се случи некаде на средина од трката, а казната беше донесена пред самиот крај, и зачудувачки е како можно истрагата да трае толку долго.
Ја отслужи големата казна, но не се врати на трката и во знак на револт се повлече директно во бокс. Победник на денешната втора трка беше италијанскиот возач Салваторе Тавано.
Со сето внимание денеска во живо на Фејсбук ја следеа трката и фановите на Иџе, ја даваа поддршката, но и тие се незадоволни од високата драконска казна и за нив „морален“ победник е „летечкиот“ Македонец во Имола.