НЕСРЕЌА ВО УКРАИНА: Четири лица загинаа при принудно слетување на авион (ФОТО)

Четири лица загинаа кога авион Антонов АН-12 слета во Украина, соопштија од тамошното Министерство.

Транспортниот авион АН-12 морал да слета итно во близина на украинскиот град Лавов бидејќи му снемало гориво, соопшти Министерството за инфраструктура.

Според првичните информации, четири лица загинале при принудното слетување на авионот во близина на аеродромот, изјави украинскиот министер за инфраструктура Владислав Криклиј на својот профил на Фејсбук.

Дурна сумна п’ятницяПід час виконання чартерного вантажного рейсу #UKL4050 літаком Ан-12 #UR-CAH авіакомпанії «Україна…

Publiée par Vladyslav Kryklii sur Jeudi 3 octobre 2019

Во соопштението на итната служба се вели дека советски авион со четири мотори исчезнал од радарот утрово во 6.10 часот, на 13,7 километри од аеродромот.

Еден член на екипажот на авионот ја повикал итната служба 19 минути подоцна, велејќи дека авионот принудно слетал еден и пол километар од аеродромот во Лавов. Во авионот имало седум членови на екипажот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот