НЕСРЕЌА ВО СУДАН: Најмалку 15 загинати по експлозија во фабрика во Картум – Слободен печат
ВестиПланета

НЕСРЕЌА ВО СУДАН: Најмалку 15 загинати по експлозија во фабрика во Картум

Во последните месеци во оваа земја се случија повеќе индустриски инциденти, што под знак прашање го става почитувањето на здравствените и безбедносните прописи.

Во експлозија во фабрика за плочки во главниот град на Судан, Картум, животот го загубија најмалку 15 лица, соопшти Синдикатот на судански лекари.

Синдикатот наведува дека во несреќата има уште десетина повредени лица, а неколку од нив се наоѓаат во критична состојба.

На поврдените во локалните болници им е укажана прва помош, најмногу од изгорениците, со кои се здобиле во експлозијата.

Во последните месеци во оваа земја се случија повеќе индустриски инциденти, што под знак прашање го става почитувањето на здравствените и безбедносните прописи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close