НЕСРЕЌА ВО СРБИЈА: Загина наставничка, нејзината последна порака како да навестувала трагедија

Во страшна сообраќајна несреќа во Србија во близина на Алексинац, која се случила вчера, загинала 52-годишна наставничка во посебно основно училиште.

Со нејзе патувале две деца, кои се полесно повредени, но се под надзор во клиничкиот центар во Ниш. Тие се возеле во комби за кратки релации, врнело дожд и патот бил лизгав.

Комбито удрило во камион кој исто така губел контрола на правецот. Возачот на камионот е неповреден.

Наставничката Снежана Милиќ била една од најомилените педагози во основното училиште за деца со пречки во развојот „Христина Маркишиќ“ во Алексинац.

Кратко пред да се случи несреќата, таа разговарала со сопругот и во порака му напишала дека има невреме и дека патот е многу лизгав.

За возачот на комбито неговите работодавци изјавиле дека се работи за професионалец кој возел и долги релации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот