Несреќа во Нигерија: Експлодира камион-цистерна, меѓу 23. загинати има и деца

Дваесет и три лица, вклучително и деца, загинаа кога камион-цистерна со нафта се преврте и експлодира во близина на автобуска станица во централна Нигерија, соопштија денеска тамошната Служба за итни случаи.

Меѓу жртвите има и вработени и студенти на државниот политехнички универзитет во централниот град Локоџи, лоциран во близина на местото на несреќата, соопшти федералната агенција за безбедност на патиштата.

Меѓу настраданите има и петчлено семејство и деца на училишна возраст. Засега не е позната причината за несреќата. Пожарот по експлозијата зафати уште девет возила.

Во јуни во 2018 година, 11 лица во загубија животот загинаа, а 54 возила се запалија кога се преврте цистерна со нафта во Лагос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот