НЕСРЕЌА ВО ФРАНЦИЈА: Загина тинејџер откако се срушил мост на реката Тарн

Висечкиот мост на реката Тарн во Мирепоикс-сур-Тарн, северо-источно од Тулуз се урна утрово при што загина 15-годишно момче, седуммина се повредени, а неколку лица се водат како исчезнати, јави дописникот на МИА.

Висечкиот мост се урна кога камион поголема од дозволената тежина помина преку него, а два автомобила што биле зад камионот исто така паднале во реката кога се урна мостот.

По несреќата една жена успеала да доплива кон брегот. Стотици спасувачи се на лице место: пожарникари, жандарми, нуркачи, тимови за кучиња.

Мостот долг 150 метри и широк пет метри, беше реновиран во 2003 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот