Несреќа во бордел во Швајцарија: Србин падна од прозорец и загина на самото место

Србин на возраст од 28 години во Цирих паднал низ прозорец на бордел и загинал, пишува Блик.

Несреќата се случила минатиот петок, а вчера швајцарските власти ги објавија деталите за настанот.

Засега, како што пишуваат швајцарските медиуми, нема докази дека во несреќата учестувало и друго лице, случајот се води како несреќа.

Оваа помалку бизарна несреќа се случила во раните утрински часови, околу 10.45 часот. Минувачите на улица го виделе момчето и веднаш повикале полиција.

Жената која живее веднаш покрај борделот рекла дека слушнала гласови, препирка меѓу маж и жена.

Има и Сириец кој сведочел за настанот, а бил на другата страна од улицата и разговарал по телефон до пријател.

„Мажот се обидуваше да излезе низ прозорец по кавгата. Едната нога му беше внатре, другата надвор. Се обиде да дојде до соседниот балкон. Се лизна и падна на глава“, вели сведокот и додава дека несреќниот маж имал и перница во раката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот