НЕСРЕЌА ВО АВСТРАЛИЈА: Двајца загинати, повеќе повредени откако воз излета од шини кај Мелбурн

Фото: Принтскрин/Скајњуз

Две лица загинаа, а неколку се повредени кога патнички воз излетал од шините кај Мелбурн, соопшти австралиската полиција.

Несреќата се случила синоќа, на околу 50 километри од Мелбурн.

Возот, во кој се наоѓале околу 160 патници, патувал од Сиднеј за Мелбурн.

Весникот „Ејџ“, повикувајќи се на Службата за итна помош, пишува дека пет лица се префрлени во болница, а неколку се полесно повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот