Несовесни граѓани самите ги исклучиле осигурувачите, Градски парк останал без улично осветлување

Градски парк, Фото: Архива

Вандализам врз ормарите за уличното осветлување е причина за прекин на електричната енергија во Градскиот парк, информираат од Град Скопје од каде остро го осудуваат ваквиот како што велат, вандалски чин.

– Ја известуваме јавноста дека по реакција од чуварските служби на Град Скопје дека во Градскиот парк вчеравечер немало улично осветлување, надлежните градски екипи веднаш излегоа на терен во увид и во рок од 15-тина минути го санираа проблемот. При увидот утврдено е дека непознати сторители насилно ги отвориле кутиите (орманчиња) за електрична енергија кај ЗОО Скопје и во близина на споменикот на Гоце Делчев, а осигурувачите биле исклучени. По истото е веднаш постапено и беше вклучена електричната енергија за осветлувањето на Градскиот парк – информираат од Град Скопје.

Градските власти упатуваат апел до граѓаните да не се вршат насилно отворање на ормарите за електрична енергија, затоа што како што велат, со тоа се доведува до опасност мрежата за електрична енергија и се загрозува безбедноста на посетителите на Градскиот парк.

– Службите во Градот Скопје по повод овој вандализам го известија Министерството за внатрешни работи, се надеваме на соодветно постапување од страна на надлежните институции – додаваат од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот