Неславни ковид рекорди во Албанија, 1.239 нови случаи во еден ден

Тирана, Албанија, 2020 / Фото: Gent SHKULLAKU / AFP / Profimedia

Во Албанија во последните 24 часа се забележани 1.239 нови случаи на коронавирус, што е најголем број на новозаболени во еден ден од почетокот на пандемијата, објави денеска албанското Министерство за здравство.

Во истиот период се тестирани 4.562 лица, а починаа 16, пренесува порталот Егзит.

Моментално активни во Албанија се 33.107 случаи, од кои 471 пациент се во болница, 32 на интензивна нега и 11 на респиратори.

Од почетокот на пандемиајта тестирани се 394.242 лица, од кои 87.528 биле позитивни, а 1.488 починале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот