Нешто расте, нешто се смалува: Промени што се случуваат со нашето тело со текот на годините

Косата со текот на времето побелува и добиваме брчки, што е сосема нормално, но некои делови од телото целосно го менуваат обликот

Носот станува поголем

Во текот на животот кај повеќето луѓе носот се зголемува бидејќи ткивото, мускулите и рскавицата околу носот се преобликуваат. На возраст меѓу 50 и 60 години доаѓа до најголеми промени.

Трепките стануваат пократки

Додека на возраст од 20 до 30 години имаме трепки на чија должина многумина ни завидуваат, со текот на годините тие стануваат пократки. Честопати причина за тоа се различните алергии, недоволната нега или пореметената функција на штитната жлезда.

Стапалата се зголемуваат

Всушност, стапалата не стануваат подолги, туку посплескани. Лигаментите и тетивите со текот на годините стануваат понестабилни, па стапалото се шири. Значи може да се случи одеднаш да носиме и два броја поголеми чевли.

Отпечатоците на прстите се менуваат

Научниците од Калифорнија во 2015 година ги истражувале отпечатоците на прстите на околу 15.000 луѓе и откриле дека нашите отпечатоци со текот на годините можат да се сменат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот