Нешто не е како што треба: Игор Којиќ се врати од Загреб сам, без Северина! (ФОТО)

Instagram
Фото: Instagram

Медиумите на Балканот со месеци се шушка дека во бракот на Северина и Игор Којиќ не цветаат ружи, а овие гласини дополнително ги подгрева тоа што ниту еден од нив не објави заеднички фотографии на социјалните мрежи за време на одморот во Хрватска, од каде што редовно се огласуваа на Инстаграм.

Ни пејачката, ни нејзиниот сопруг се немаат огласено по повод чаршиските муабети, а дека односот не им е најдобар покажува и тоа што Игор го напушти Загреб и се упати во Белград без сопругата.

Снимката што дополнително ги заинтригира сите што шушкаат дека се разведуваат беше објавена денес  на неговиот инстаграм-профил.

Фото: Инстаграм

На неа се гледа дека Игор заминува од Загреб, додека во автомобилот свири песната „442 до Београда“ од Бајага. Која е вистината за односот на популарните сопружници, ќе покаже времето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот