Нешто брзо и лесно за денешниот ручек – Пилешко со печурки и вино

Состојки:

1 килограм пилешко месо
неколку чешниња лук
500 грама шампињони
малку магдонос
сол
црн бибер
2 лимони
100 милилитри бело вино

Подготовка:

Потребното количество на печурки, исечкајте ги на ленти и ставете ги да отстојат во вода, во која претходно сте исцедиле лимон.

Потоа, пилешкото месо исечкајте го на големи парчиња и кратко пропржете го на масло за јадење во кое имате додадено и малку лук. Кога месото ќе започне да добива убава боја, во него додадете ги и печурките. Пржете кратко а потоа во садот во кој ги готвите месото и печурките истурете ја водата со лимон во кој седеа печурките. Додадете го виното, зачините и магдоносот а потоа оставете го јадењето да се вари околу 30 минути. Мешајте повремено за состојките да не ви загорат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот