Несекојдневна трагедија во Русија: Паднале од прозор додека имале секс, жената починала на лице место

Во Русија се случила несекојдневна трагедија, кога еден пар од Русија за време на секс паднал од прозор, при што жената починала на лице место, додека мажот, откако паднал врз неа, успеал да преживее, пренесуваат тамошните медиуми.

30-годишната жена била пронајдена мртва во подножјето на станбениот блок во Санкт Петербург на 5 јули за време на забава, која соседите ја опишале како „дива”.

Сведоците рекоа дека виделе дека од прозорецот на станот над нив бил фрлен телевизор, а потоа паднале жената и нејзиниот 29-годишен љубовник.

Локалните медиуми објавија дека жената починала на самото место, но дека мажот преживеал бидејќи паднал врз неа.

Според сведокот, полуголиот човек по падот станал и се вратил на забавата, пишува „Дејли мејл“.

На фотографиите објавени од локалните медиуми, може да се види дека мртвата жена била гола под половината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот