Несекојдневна акција – Робот пожарникар ја спасуваше катедралата Нотр Дам (ВИДЕО)

Фото: Принтксрин

Дел од заслугите за успешно спасување на средновековната катедрала Нотр Дам се припишуваат на Колосус – роботот пожарникар.

Колосус е тежок околу 1.100 килограми, и со него се служи Противпожарната бригада на Париз со далечинско управување.

Колосус е дизајниран да издржи неверојатно тешки услови. Може да управува со пожарникарски црева, да носи тешка опрема на потребната локација, па дури и да пренесува повредени лица.

Пожарникарите може да управуваат со него од далечина од речиси 1000 метри, а поради неговиот модуларен дизајн може да се конфигурира и приспособи на различни работни задачи.

Погледнете како изгледаше оваа несекојдневна спасувачка акција со Колосус:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот