НЕСЕКОЈДНЕВЕН НАСТАН: Војници ќе го окупираат ТЦ „Бисер“

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Припадници од баталјонот за почести од Армијата на Македонија и припадници од почесната чета на Вооружените сили на Република Хрватска денеска ќе имаат заеднички настап пред трговскиот центар „Бисер” во населбата Аеродром на кој ќе презентираат изведби на строева извежбаност во работа со пушка.

Присутните ќе имаат прилика да ја проследат познатата точка на македонските гардисти „Егзерцир”, додека хрватските гардисти ќе се претстават со своја воено-акробатска вежба, а кратка изведба ќе има и воениот оркестар на Армијата.

Активноста се спроведува врз основа на билатералната воена соработка за изведување на заедничка обука меѓу двете армии, а ова е прв пат припадници на овие две гардиски единици да имаат заеднички настап.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот