НЕСЕКОЈДНЕВЕН ГРАБЕЖ: Со автомобил влегле во трговски центар и ограбиле продавница за спортска опрема

Синоќа непознати лица на необичен начин ограбиле продавница на Есктра Спорт во трговски ценар во Бугојно, на то начин што со автомобилот влегле во продавницата и однеле огромна количина на работи, пренесува Блиц.рс.

Информацијата за овој инцидент, за босанските меидуми, ја потврдиле од Министерството за внатрешни работи на Среднобосанскиот кантон.

Според овие информации, непознати маскирани лица со автомобил движејќи се во рикверц, го разбиле излогот на продавницата и за само неколку минути го наполниле возилото со голема количина на работи, па потоа избегале во непознат првец.

Истрагата за овој инцидент е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот