Несекојдневен феномен: Во ова село веќе со години се раѓаат само девојчиња (ФОТО+ВИДЕО)

Instagram

Во селото Мијејце Одрзанские во Полска, веќе скоро 10 години се раѓаат само женски бебиња.
Таму живеат само 300 луѓе, а во изминатата деценија се родени 12 бебиња и од нив ниту едно не е машко.

Instagram

За овој несекојдневен феномен пишуваат и светските медиуми.

Претседателот на месната заедница Рајмун Фришко, татко на две ќерки, понудил парична награда за првите родители кои ќе добијат машко бебе.

„Толку медиумите пишуваа за нас па дури размислував да наречам улица по името на првото следно машко бебе. Тоа дефинитивно би бил убав подарок. Ќе посадиме дрво и ќе го именуваме по него“, рекол Фришко за британски Телеграф.

принтскрин

Зошто во ова село се раѓаат само девојчиња?

Полот на бебето зависи од тоа дали спермата на неговиот татко носи X или Y хромозоми. X хромозомот се комбинира со истиот хромозом на мајката и во тој случај се раѓа женско бебе.
Од друга страна, доколку Y хромозомот на таткото се искомбинира со X хромозомот на мајката, се раѓа момче. Доколку мажот има еднаков број X и Y хромозоми, веројатноста е 50:50 дека бебето ќе биде или машко или женско.

Instagram

Овој случај ги заинтригира научниците кои покажаа интересирање за ова село, но досега конкретно истражување за генетиката на населението немало.

„Човечкиот мозок е всушност лош во пресметувањето на идејата на веројатност на парадоксот. Ако забележиме каква било случајност, имаме силна тенденција да откриеме КАКО и ЗОШТО, иако во некои ситуации одговор не постои“, вели Крег Андерсон, професот по статистика на Универзитетот во Глазгов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот