Нервозни крадци не успеале да ограбат дуќан на Зелено пазарче, па за инает го скршиле излогот

Двајца неуспешни разбојници завчера се обиделе да ограбат продавница на скопскиот Зелен пазар, но успеале само да го скршат излогот од дуќанот, соопшти МВР.

„На 12.01.2022 во 16.00 часот било пријавено дека на Зелен пазар, во продавница во сопственост на Н.Н.(72) и А.Н.(71) од Скопје, две лица се обиделе со закана да одземат пари, но откако не успеале, со тврд предмет го скршиле стаклото на излогот“, се вели во полицискиот билтен.

Од полицијата велат дека работат на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот