Нервоза на берзите поради тензиите меѓу САД и Кина

Акциите на азиските берзи забележаа благо зајакнување, но во однос на минатата недела бележат опаѓање, бидејќи се дополнително се влошија односите меѓи САД и Кина, а со тоа се зголеми неизвесноста во поглед на тоа колку брзо економиите можат да се опорават кога ќе почнат да излегуваат од блокадите.

Загриженоста поради конфронтацијата меѓу двете најголеми светски економии ги фрли во сенка кинеските економски податоци, кои покажаа дека производството во оваа земја постепено се опоравува од ударот на пандемијата од корона вирусот.

Се проценува дека европската берза го следи вчерашното опоравување на американските пазари на капитал, бидејќи паневропскиот индекс на фјучерси „S&P500“ порасна за 1,21 отсто, пренесува „Ројтерс“.

Во Соединетите Држави индексот na fju;ersite @S&P500“ беше заклучен синоќа со минимален минус од 0,2 отсто откако претходниот ден беше забележан раст од 1,2 проценти, опоравувајќи се од тринеделниот минимум.

Јапонскиот индекс „Nikei“ денеска напредуваше за 0,6 отсто, но на неделно ниво се уште бележи пад за 0,7 проценти, додека акциите на берзите во контитентална Кина регистрираат мешани резултати.

Најширокиот индекс на азиско – пацифичките акции „MSCI“ без јапонскиот, порасна за 0,2 проценти, додека во однос на минатата недела бележи загуба од околу еден отсто.

Но голем број аналитичари сметаат дека неделниот пад со природната корекција по скокот на цената на акциите, се повеќе се загрижени од порастот на тензиите меѓу САД и Кина.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја обвинува Кина за пандемијата со Ковид – 19, која до сега одзеде повеќе од 86 илјади човечки животи во Америка, а изјавата дека во моментов не е заинтересиран да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг, наговестува и понатамошно влошување на односите мегу најголемите економии во светот, наведуваат британските агенции.

Тој, отиде чекор понатаму најавувајќи дека дури и може да ги прекине врските со втората по големина економска сила, еден ден откако американскиот сојузен пензиски фонд ги одложи вложувањата во кинески акции под притисок на Белата куќа.

Ваквиот чекор ги разгори стравувањата дека судирот меѓу Вашингтон и Пекинг би можел да ескалира во областите надвор од трговијата и финансиите.

На валутните пазари доларот се стабилизира на тринеделниот максимум бидејќи инвеститорите се вознемирени поради американски – кинеските тензии и потенцијалниот втор бран од епидемијата од корона вирусот.

Во Азија главната валута забележа незначителен пораст, при што еврото се тргуваше за 1,0806 долари, а јапонскиот јен на ниво од 107,19 за долар.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот