Неризичен контакт со позитивно лице: Борис Џонсон е негативен на ковид-19, но останува во самоизолација

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Британскиот премиер Борис Џонсон, кој е во самоизолација, се тестираше за ковид-19 и доби негативен резултат, изјави денеска неговиот портпарол. Тој додаде дека Џонсон ќе остане во самоизолација, согласно насоките на Владата.

– Тој вчера се тестираше и тестот беше негативен, но согласно правилата, тој ќе остане во самоизолација, посочи портпаролот на британскиот премиер.

Џонсон, кој во март беше инфициран со новиот коронавирус, во неделата објави дека ќе биде во самоизолација поради контакт со лице позитивно на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот