Нерегистриран угостителски објект работел во Куманово, полицијата затекнала пет гости и сопственик

Фото: МВР

Нерегистриран угостителски објект работел по дозволеното време, полицијата затекнала пет гости и сопственикот, соопшти денеска СВР Куманово.

Вчера, граѓанин пријавил во полицијата, а полициските службеници извршиле контрола на нерегистриран угостителски објект во центарот на градот, кој покрај тоа работел и по дозволеното работно време за угостителски објекти.

Како што информираат од СВР Куманово, при контролата биле затекнати пет лица-гости и сопственикот Г.Р.(49). По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот