НЕРЕАЛЕН ЖИВОТЕН ПАТ: Од бездомник и келнер до репрезентацијата на Англија!

twitter.com/england

Доста од нив поминале низ трње и камења за да стигнат до таму каде што се, а особено инспиративна е приказната за новиот репрезентативец на Англија, Тајрон Мингс. Овој 26-годишник доби повик од Герет Саутгејт за натпреварите против Бугарија и Косово, а одбранбениот играч на Астон Вила зад себе има едно навистина турбулентно минато.

Со својата мајка и три сестри беше бездомник. Една година живееле на улица, а како дете се обидувало да се пробие во светот на фудбалот.

– Завршивме на улица. Живеевме со еден човек и еден ден требаше да си заминеме. Добро се сеќавам, се бањавме во една од локалните добротворни институции. Беше ужасно. Останавме во засолниште долго време, а кога сте дете искуството е грозно – истакна Мингс.

Но, многумина сметаа дека нема талент за фудбал. Отпуштен од Саутемптон на 15 годишна возраст, а не му беше дадена шанса ниту од Кардиф, Портсмут и Бристол сити.

Потоа, замина во нисколигашките тимови. Чипенхам таун беше клуб за кој играше со 19 години, а воедно работеше како келнер за 45 фунти неделно.

– Имаше многу моменти кога си поставував прашања самиот себеси, дали ова е крајот, дали ова е најдалеку што можам да стигнам? Едноставно не се гледав повеќе во фудбалот – искрен е Мингс.

Но, среќата му се насмевна во 2012 година. Поранешниот дефанзивец на Ипсвич, Расел Осман го виде Мингс и го препорача на менаџерот на тимот, Мик МекКарти.

Одушеви и доби договор, играше три години во оваа екипа, а во 2015 година се пресели во Борнмут за осум милиони фунти.

Следуваше нов шок, ги скина лигаментите на коленото и една година беше надвор од теренот. Но и тоа не го запре, и покрај бројните потешкотии во Борнмут, направи одличен трансфер.

Првите шест месеци ги помина на позајмица во Астон Вила, а потоа овој тим го откупи ова лето во трансфер вреден 25 милиони фунти.

Со одличните игри на почетокот од сезоната заслужи и повик во репрезентацијата на Англија и така беше крунисана неговата неверојатна, но вистинита приказна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот