Нерасчистените сметки на балканските мафијаши во Јоханесбург причина за најновата ликвидација во ЈАР?

Фото: Принтскрин

Откако во Јужна Африка беше убиен Горан Релиќ Трта (50), уште еден Србин со богато криминално минато, мотивите за ликвидацијата се уште се нејасни. Додека едни тврдат дека се работи за нерасчистени сметки во криминалниот бизнис со бугарската мафија во Јужноафриканската Република (ЈАР), некои медиуми пренесуваат дека е ликвидиран од припадници на банда кои не сакале да платат за поправка на автомобил во неговиот автомеханичарски сервис, пишува српски „Блиц“.

Според пишувањата на медиумите, Горан Релиќ е ликвидиран во едно предградие на Јоханесбург во неговиот автомеханичарски сервис, кога група на мажи влетала на локацијата и пукала во негова насока. Надлежните не можеа никого да идентификуваатна снимката, бидејќи Релиќ во Африка имал друг идентитет кој го правдал со фалсификувани документи и значајно го промени личниот изглед.

Меѓутоа, извор на „Вечерњe новости“ потврди дека станува збор за српскиот криминалец за кого беше распишана црвена потерница на Интерпол поради учество во убиството на сопственик на менувачница во белградската населба Земун во 2009 година.

Краците на истрагата на убиството на Релиќ сега упатуваат кон неколку различни правци. Познато е дека Релиќ во околината на Јоханесбург отвори сервис за поправање на автомобили и така заработувал, и наводно не се бавел со криминал.

Па така, една од теориите се заснова на тезата дека до пресметката дошло бидејќи група на мажи не сакала да ја плати услугата која им ја дал Релиќ во својот сервис.

Од друга страна, одредени белградски медиуми пренесоа дека ова убиство е само едно во низата на ликвидации зад кои стои судирот на српските и бугарските банди, кои главно во Африка работат со трговија на дрога.

Неименуван извор на „Курир“ раскажа дека не се исклучува можноста бугарска криминална група да ја има нарачано ликвидацијата на Релиќ преку локални бандити, за да го сокријат сопствениот траг.

– Врската на Релиќ со српската мафија во ЈАР не може лесно да се искучи, имајќи во вредвид дека тој уште пред 10 години најде прибежиште во оваа земја, бегајќи од делото за кое беше обвинет во Србија – објаснува неименуваниот соговорник на српскиот весник.

До крвава војна на овие групи дојде во 2017 година со ранувањето на Иван Ѓорѓевиќ Жуќе (59), бидејќи бугарските криминалци наводно го овиниле неговиот најблизок соработник за кражба на 20 килограми кокаин. По неколку дена, убиен е лидерот на бугарската мафија со неговата сопруга.

Две години подоцна, Ѓорѓевиќ не ја избегна смртта, и бругатлно беше ликвидиран во луксузниот комплекс во кој живееше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот