Непроспана ноќ? Еве како да го преживеете следниот ден

unsplash
Фото: Unsplash

Само една непроспана ноќ е доволна за целосно да ги намали продуктивноста и менталните способности. Иако ви се чини дека ќе полудите, добра вест е дека има начин да го преживеете денот.

Обидете се да го надмудрите своето тело на следниве начини:

1. Променете ја перцепцијата

Почнете од тоа што ќе се убедите себе дека сте способни да го преживеете денот, наместо да се жалите колку ви се спие. Обидете се со позитивна мисла и ќе заборавите на уморот.

2. Држете се до зацртаниот план

Не отстапувајте од своите рутини. Ако вообичаено прво пиете кафе, па проверувате мејлови, направете го тоа и сега. Доколку го смените вообичаениот ред на нештата, дополнително ќе го збуните веќе „вознемиреното“ тело.

3. Изедете здрав појадок

Наместо бурек или сендвич, одберете салата, омлет или тестенини со зеленчук. Потребна ви е енергија за да можете да компензирате за изгубениот сон. Никако не посегнувајте по енергетски житарици или спортски пијалаци, бидејќи нивниот ефект е краткотраен.

4. Пијте доволно вода

Уморното тело побрзо ги троши резервите на вода и ве прави да се чувствувате дехидрирано. Освен што ќе пиете вода, потребно е да внесете и овошје или зеленчук богати со вода. Избегнувајте газирани сокови или солени супи, а испијте ја количината кафе која ја пиете и вообичаено.

5. Вратете го редот во спиењето

Откако го завршивте делот со продуктивноста, немојте веднаш да си легнете да спиете. Почекајте да дојде вечер, за да си легнете. Доколку спиете попладнето, повторно ќе го нарушите циклусот на спиење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот