Непроодни патиштата кон високите планински села во Старо Нагоричане и Липково

Поради обилните врнежи од снег и наносите предизвикани од ветерот отсечени се планинските села во Старо Нагоричане и во Липково, соопштија денеска од РЦУК Куманово. Надлежните велат дека во текот на денот од општините добиле информации дека ќе се интервенира со тешка механизација на патишта кои водат кон овие населени планински места.

Според податоците на РЦУК Куманово во Општина Старо Нагоричане непрооден е регионалниот патен правец од трета категорија Старо Нагоричане-Длабочица, отсечени се селата Жегљане, Арбанашко, Длабочица и Дејловце. Непрооден и локалниот патен правец Старо Нагоричане-Стрновац и патиштата кон селата од козјачијата, Алгуња, Малотино, Буковјање, Мглинце и Бајловце.

Од РЦУК Куманово информираат дека непроодни се патиштата Липково-Глажња, кон високите планински места Лукаре, Гошинце, Белановце, Думановце, Извор, Р нковце, Ропајце, Руница, Стража. 

Според РЦУК во општина Куманово, се чистат патиштата кон селата Општина Куманово.

– Во моментот се работи на сите патни правци кон селата од которлкот затоа што се сите од трета категорија, пуштени се три машини гредари и камиони за расчистување и посипување во тој правец кон селата: Габреш, Колицко, Кучкарево, Новосељане. Косматац, Градиште Кшање, Кокошиње, Пезово и Кутлибек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот