Непрофесионалната и нестабилна дипломатија ја ослабува позицијата на Косово, сметаат експертите

Професорот по меѓународно право Африм Хоти изјави дека Косово во дипломатијата направило многу грешки.

– Направивме многу грешки во чекорите, не изградивме екстерна служба, го вградивме непотизмот и воведовме непрофесионална и нестабилна дипломатија – рече Хоти и додаде дека Косово не е во можност да ја консолидира дипломатијата и затоа се соочува со проблеми.

Невладините организации исто така сметаат дека косовското Министерство за надворешни работи не е доволно активно. Бутрини Бериша од пришнинскиот Институт за политички студии, вели дека позицијата на Косово е најслаба од прогласувањето на независност.

– Тоа се одрази со недостаток на нови признанија и неуспешни обиди за членство во меѓународните организации – рече Бериша.

Во извештајот на премиерот во заминување Рамуш Харадинај не се споменува да што направила косовската влада за да дојде до нови признанија на Косово.

Барбадос е последната држава која ја призна независноста на Косово во 2018 година, потсеќа „Газета Експрес“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот