Непристоен предлог од Русија за Македонија и за Албанија

Во денешниот број на печатеното издание на „Слободен печат“ прочитајте што значи поканата од Русија за зачленување во Евроазиската економска унија.

На понудата од Русија земјите од Западен Балкан да размислат за членство во Евроазиската економска унија не треба да се гледа толку негативно, бидејќи таа може да влијае врз францускиот претседател Емануел Макрон да го повлече ветото за Македонија за членство во Европската Унија, сметаат експертите.

Во новото печатено издание на „Слободен печат“ прочитајте го и барањето на граѓанските организации и иницијативи со војска и полиција да се бори против загадувањето. Во отвореното писмо до премиерот Зоран Заев и до претседателот Стево Пендаровски, десетина здружени граѓански организации и иницијативи, предводени од „О2 иницијатива“ побараа припадници на армијата и на полицијата, во координација со сите капацитети на Дирекцијата за заштита и спасување да се вклучат во борбата против загадувањето.

Исто така прочитајте за промените во Законот за безбедност. Казнените поени се укинуваат за возачите, а казните се намалуваат.

Во денешното печатено издание на „Слободен печат“ исто така читајте за прошталната средба на лидерите од Западен Балкан со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини. Западнобалкански консензус постои за ЕУ, но не и за НАТО.

Прочитајте ги и колумните на Бранко Тричковски, Манчо Митевски, Сашо Кокаланов, Зоран Иванов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот