Непристоен Дедо Мраз: Добил отказ зашто се пошегувал на Фејсбук (ФОТО) - Слободен печат

Непристоен Дедо Мраз: Добил отказ зашто се пошегувал на Фејсбук (ФОТО)

Човек на речиси 70 години добил отказ од трговски центар зашто се пошегувал на Фејсбук.

Еден Дедо Мраз вработен во трговски центар во Канада добил отказ бидејќи, како што навеле работодавците, бил непристоен. Причина се фотографиите кои ги објавил на неговиот фејсбук-профил на кои се гледа како тој облечен во костим на Дедо Мраз се глупира со пријателите.

Гери Хаупт (69), обвинетиот Дедо Мраз, во своја одбрана кажал дека дома му дошла некоја пријателка и решиле да направат неколку смешни фотографии во костимот на Дедо Мраз.

Една од тие фотографии покажува како Гери, облечен како Дедо Мраз, се обидува да ги фати градите на неговата пријателка. Фотографиите веднаш се означени како непримерни, а тој добил отказ од трговскиот центар.

-Ме повикаа во управата на центарот, тоа никогаш не се случува, знаев дека не е добро. Не ме викнаа да разговараат со мене, туку да ми одржат лекција – вели Хаупт, според кого фотографиите се опишани како валкани и непристојни.

-Често се шегуваме и се смееме, никогаш не сум ја допрел, тоа воопшто не ми беше во план – изјавил тој за Фокс њуз, додавајќи дека во долгогодишната кариера направил многу смешни фотографии.

-Јас и мојот фотограф стекнавме репутација. Почнав да ја работам оваа работа со намера да бидам најдобриот Дедо Мраз што го имала нашата заедница – вели Хаупт и објаснува дека луѓето сами му барале да прави смешни фотографии, како кога некоја госпоѓа му побарала да се слика со него додека тој пие од плоска.

Хаупт работи како Дедо Мраз веќе речиси 15 години во различни трговски центри и тврди дека во средината каде што живее е на добар глас.

-Јас сум одличен Дедо Мраз, супер соработувам со децата, возрасните и луѓето со проблеми. Работиме и со деца кои имаат пореметувања од аутистичен спектар, кои воопшто не можат да дојдат до трговскиот центар.

За сите оние од Ванкувер кои се загрижиле дека нема да го видат омилениот лик, тој изјавил дека има огромна поддршка од заедницата и дека веќе добил неколку понуди за работа.

Прочитај повеќе

Рецепт за палачинки без брашно

Слободен печат

Руската Анџелина Џоли го маѓепса светот! (ФОТО)

Слободен печат

Најнов изум на технолошкиот гигант: „Невидливата“ тастатура на Самсунг

Слободен печат

Разговор со Јана Коцевска: Вистинските хероини се непретенциозни и „невидливи“

Јасмина Кантарџиева Димков

Пред 30-та ова мора да го научите за ЉУБОВТА!

Јасмина Кантарџиева Димков

5 докажани начини за успешно интервју за работа

Слободен печат

Остави Коментар

two + 10 =

Прочитај повеќе

Наши миленици: Маца Лукас, вистински позер!

Слободен печат

Здрава вода што се подготвува дома (РЕЦЕПТ)

Слободен печат

Хороскопските знаци и чевлите

Слободен печат

Прва жена фаворит за Оскар за филмска музика – Хилдур Гуднадотир

Слободен печат

Детоксикација на организмот после празниците

Слободен печат

Почина Тери Џонс, актерот од познатата група „Монти Пајтон“

Слободен печат